Во Хрватска ќе се отвори центар за лекување со медицински канабис

Во Хрватска наскоро ќе биде отворен првиот европски центар за лекување со медицински канабис. Центарот ќе биде лоциран во реонот на бањата Свети Мартин, северна Хрватска.

 

Терапијата со канабис првенствено ќе биде наменета за хронично болни лица и ќе трае три недели, додека од април центарот ќе биде достапен и за други лица.

 

„Тука нема ништо незаконско, маслото од канабис ќе се користи само за медицински цели“, соопштија од Центарот.

 

Лекувањето ќе чини околу 400 евра дневно, но и покрај високата цена постои голем интерес за третманот со медицински канабис. Центарот очекува гости од Европа, САД и од арапските држави.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien