Со младиот стоперски тандем Велкоски-Петкоски Победа го заокружи списокот на засилувања

Прилепскиот прволигаш Победа на ден пред завршувањето на зимскиот преоден рок го официјализира ангажманот на двајца млади централни дефанзивци.

22-годишниот Виктор Велкоски во Победа доаѓа од прволигашот Скопје, каде беше стандарден првотимец во есенската полусезона каде пропушти само два натпревари. Велкоски е продукт на школата на Вардар, каде ги минал сите категории, а настапувал уште за Пелистер во Првата и Љубанци во Втората лига.

 


19,5 годишниот Андреј Петкоски по неколку години се враќа во родниот Прилеп. По настапите за 11 Октомври и Кожув тој запишувајќи се во фудбалската академија во Скопје неколку години настапуваше и беше меѓу најзабележителните во школата на ФК Работнички. Минатата пролет настапуваше за тогашниот прволигаш Хоризонт Турново, а есенската полусезона за второлигашот Победа Валандово. 


ФК Победа ја информира јавноста дека поради некомплетна документација и проблеми на релација играч-претходен клуб се повлече од реализаицја на трансферот на српскот интернационалец Стефан Грбовиќ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien