ВИДЕО – Во Прилеп одбележан празникот „Свети Три Светители“ – Денот на бакалите

Со божествена литургија со која чиноначалствуваше Архиепископот Г.Г. Стефан, а на која учествуваа и владициите Г. Петар Митрополит Преспанско Пелагониски, Г. Агатангел Митрополит Повардарски, Г. Тимотеј Митрополит Дебарско – Кичевски и Епископот Климент сенеска во Прилеп беше одбележан празникот „Три Светители“, кој пак е патрон празник на бакалскиот еснаф во градот. Според кажувањата на иницијаторите на оваа слава, одбележувањето на овој ден кај бакалите во Прилеп започнало уште во далечната 1954 година. Инаки во Прилеп моментално имало околу 400 продавници, односно дуќани, кои се дел од овој еснаф.

 

 

„Се сеќава тогаш отидовме прво во црква кренавме леб, одевме по куќи со канење и така ja започнавмe оваа традиција. Потоа секоја година овој ден се одбележуваше се помасовно и помасовно. Исто така со текот на времето бакалскиот еснаф под своја управа го зеде и манастирот Свети Димитрија во с. Селце“, вели Мирко Попоски, еден од иницијаторите на воспоставувањето на оваа традиција.

 

Годинешните домаќини велат дека се горди што годинава ја имаат честа да бидат дел од ова одбележување на големиот христијански празник.

 

„Голема чест е да се биде домаќин на една ваква манифестација во Прилеп, а уште поголема чест е што со оваа богослужба чиноначалствува Арихиепископот Г.Г. Стефан и уште 4 други владици. На сите верници им го честитам овој празник и им посакувам среќа, лична и фамилијарна и бериќет. Оваа традиција датира од 1954 година и јас се надевам дека ќе продолжи и понатаму. На 25 февруари ќе даваме ручек за сите граѓани во манастирот Света Петка во с. Лениште“, истакна Стојан Петкоски, домаќин на патрониот празник „Св. Три Светители“.

 

Петре Петрески пак изјави дека со огромна радост приифатил да биде дниот домаќин за празникот.

 

„Во оваа прилика им го честитам празникот на сите верници кои се дојдени на денешната богослужба. Можам да кажам дека чест и задоволство на секој бакал е да биде домаќин на овој ден. Оваа традиција се одржува со децении и мислам дека нема да се прекине и во иднина. Прво одиме кај секој бакал, дуќанџија, го каниме за овој ден со чашка ракија и бонбонче и оваа манифестација е се помасовна и помасовна“, кажа Петре Петрески, идниот домаќин на патрониот празник „Св. Три Светители“.

 

 

Владиката Петар потенцираше дека Светите три светители се столбови на нашата цркава, тие биле современици, пријатели, заедно учеле и ја чувале светата православна црква од опасните учење на Ариј. Секој од нив се истакнал со своето знаење, квалитети и подвизи. Митрополитот Петар додаде и тоа дека во овие моментии требало да ја одбраниме татковината, а не да ја продаваме.

 

„Свети Јован Златоуст и Свети Василиј Велики напишале литурги кои ние ги употребуваме за време на богослужбите. Свети Григориј Богослов пак се истакнал со неговото знаење. Причината за овој празник е бидејќи се појавииле поделбии кај луѓето кој од овие светители е поголем, а тие тројцата биле еднакви. Па тоа и во денешно време важи и за нас, да не се натпреваруваме кој да биде прв, барем, не во предавањето на нашите цености, на нашите посебности, како што е едентитетот, јазикот, знамето, уставот итн… туку во тој дух да го одбраниме сите наши посебности како посебен народ, народ македонски, македонски јазик, да не го менуваме уставот и во тој дух е нашата порака сите да застанеме цврсто во одбрана на нашата татковина и црква, во одбрана на нашето постоење и во унитарноста на  нашата држава, да ја одбраниме татковината, а не да ја продаваме“, истакна Г. Петар Митрололит, Преспанско – Пелагониски.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien