ВИДЕО – Г. ПЕТАР : Ние како Синод не сме имале седница, незнам што најавува владиката Наум за заедничко сослужување со БПЦ

По ставот на Владиката Струмички Наум за БГНЕС дека наскоро се очекува заедничко сослужување помеѓу МПЦ-ОА и БПЦ и дека деновиве веќе било испратено писмо до Неговата светост Патријархот Неофит со братски повик за заедничка служба на Светата Литургија, Митрополитот Преспанско Пелагониски Владиката Петар по денешната литургија во Прилеп по повод празникот „Три Светители“ истакна дека Синодот на МПЦ-ОА немал засега содржано седница и тој како претседател на одделот за односи со другите цркви не бил запознаен со тоа.

 

 

„Незнам јас што најавил Владиката Наум ние како Синод не сме имале седница за да можеме нешто да кажеме, јас сум претседател на одделот за односи со другите цркви и ако нешто трегба да се каже во врска со тие работи треба или од мене потекне или од Поглаварот или од портпаролот на МПЦ-ОА, а сите одстрана што зборуваат повеќе ги матат работите отколку што ги оправаат“, вели Митрополитот Преспанско Пелагониски Владиката Петар.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien