ВИДЕО – Јакимоска : Очекувам со новите играчи Победа да добие стабилна позиција во првата лига

Утре започнува втората полусезона, а првиот натпревар Победа го игра против Пелистер во Турново. Денеска на прес конференција в.д. извршниот директор на клубот Ирена Јакимоска истакна дека се надева со новите 11 засилувања клубот да добие стабилност во првата лига. Потенцираше и тоа дека денеска на фудбалерите им била исплатена и првата плата за оваа сезона.

 

 

„Она што е клучно да кажеме е дека денеска се исплати првата плата за оваа сезона. На сите им беше извршена уплатата така да по овој прес имаме состанок со фудбалерите да им го соопштиме тоа бидејќи многу е клучно и битно да се задржи довербата кај фудбалерите бидејќи ние тоа го ветивме. Истовремено, тие врз основа да таа доверба да се изборат за соодветен резултат кој го очекуваме. Моите лични амбиции, во однос на оваа полусезона се секако 6-та позиција, која што ќе ни донесе стабилност, со цел да продолжиме и понатаму во новата полусезона, каде ќе разговараме за наредните амбиции. Јас сум среќна и задоволна од тимот, непречено работевме во овој временски период, интензивно и без никакви опструкции и со големо разбирање. Потрошивме многу време и енергија, со оглед на тоа што почнавме многу касно. Ревидирањето на новата постава и преструктуирањето во однос на депозитарниот архивар и централниот регистар, промените стварно ги почнавме многу касно и во многу краток временски период успеавме да профункционираме, се надевам успешно“, истакна Јакимоска.

 

Јакимоска истакна и голема благодарност до шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања за избраниот тим, а се заблагодари и до спонзорите.

 

„На крајот сакам да се заблагодарам и на оние без оние кои не би можеле да функционираме. Големо благодарам до нашиот главен спонзор „Мермерен комбинат“, основачите Пивара и господинот Сашо Самарџиоски, Комфи Ангел, Џорџ Атанасоски и неговата ТВ Сонцеа, компанијата Витаминка, хотелот Атлас кој што ни помогна во овој временски период и Кабелнет. Се надевам на финансиска поддршка и на Халк банка, Охридска банка и Комерцијална банка. Секако на крајот од ова ништо не би можело да биде доколку Општината не дадеше поддршка за фудбалскиот клуб“, додаде Јакимоска.

 

 

Спортскиот директор на клубот Јане Николоски рече дека Победа во зимскиот преоден рок никогаш не довела 11 играчи, а дали тие ќе биле 11 појачувања, тоа ќе го докажеле самите.

 

„Меѓутоа, мислам дека она што ни беше како цел и она што ни беше дадено као задача од шефот на стручниот штаб, мислам дека 90% го остваривме. Единствено што може да жалиме е што не успеавме да го ангажираме и нашето 12 појачување, а тоа е Стефан Грбовиќ, кој имаше проблеми со документацијата. Верувајте дека сè беше договорено, не е наша вина, туку едноставно беше недоразбирање меѓу него и неговиот бивш клуб Партизан. Меѓутоа тоа е завршена работа, со она што го имаме на располагање, со тоа ќе играме. Со тоа шефот ќе составиме еден тим, со кој се надевам дека уште од утре успешно ќе започне и втората полусезона. Сето останато е на стручниот штаб и на играчите кои ќе го дадат својот максимум и се надевам дека утре ќе се израдуваме со 3 бода кои што ќе ни дадат малку поголема волја и малку поголем мир во продолжение на првенството“, истакна Николоски.

 

Шефот на стручниот штаб Славољуб Бубања кажа дека задоцниле за одредении играчи кои сакале да ги донесат бидејќи доцна започнало целото преструктуирање на Победа но се надева дека и со овие играчии ќе постиигнат големи успеси во првенството.

 

„Ако претходно дојдеше ова раководство, сигурно ќе беше многу подобро и ќе донесевме и вистински појачувања. Дали сите играчи ќе бидат појачувања е знак прашање искрено, бидејќи тука има играчи кои што се дојдени да се докажат. На крајот и наш фокус беше што е можно повеќе прилепчани да останат. Дали тоа ќе биде добро, ќе видиме на крајот од првенството. Овие што ги донесовме, што треба да бидат вистински појачувања, мислам дека се прави. Иако не сакам да истакнувам поединци, бидејќи за мене колективот е сè, но доведувањето на голманот Дарко кој е и наш капитен и Зоран Даноски, тие се појачувањата какви што треба да доведеме“, рече Бубања.

 

 

Моментално фокусот бил на Пелистер со кого Победа ја отвора сезоната.

 

„Што се однесува до првата утакмица, сигурно многу полесно им е на играчите кога се задоволни, а моите играчи во моментов се, бидејќи денес им беше исплатена плата. Мора да се истакне дека и доглот од припремите е исто така исплатен, што е знак дека клубот функционира како што треба. Управата со тоа ни даде голема задача, нас од стручниот штаб и на играчите. Мислам дека голем хендикеп е што не играме во Прилеп, без навивачи. Јас тоа секогаш го истакнувам дека тие се нашиот не 13 туку 14 играч, така што ми е жал што мораме да играме некаде надвор од Прилеп. Најголем дел од натпреварите ќе ги играме во Битола. Но ќе размислуваме од утакмица до утакмица и сигурно дека една лоша прогноза е што Победа во последните 4-5 години има негативен скор со Пелистер. Но традицијата е секогаш тука да биде срушена. Ќе пробаме да направиме нешто, што се вика победа. Сигурно натпреварот ќе биде многу тежок, само времето нас не ни дозволува да играме убава игра, туку ќе мора да играме на резултат и да освоиме 3 бода. Им реков и на играчите и тие се свесни, сега ќе имаме состанок со управата, вчера имавме со директорот на клубот, што значи целиот фокус е на Пелистер, и сигурно дека играчите мора го почитуваат овој Пелистер. Пелистер има 5-6 играчи кои имаат по 200-300 натпревари во првата лига, има 4-5 играчи кои до вчера играа во Победа. Така да и тука тие можеби ќе имаат мотивација. Но наш најголем мотив, мој и на играчите, за кои знам дека ќе дадат сè од себе, е тој да новите 7-8 играчи да се уиграат. Немаме време ни за приказни, ни за алиби. Јас никогаш не сум бил алиби тренер, само резултатот е најважен и утре ќе одиме да освоиме 3 бода. Мислам дека играчите ќе го дадат својот максимум, а тоа ќе го покажи самиот натпревар“, истакна Бубања.

 

Новите играчи се :

 

  • Дарко Тофилоски-голман-дојде од Алашкерт Ерменија
  • Зоран Даноски-од Прибрам Чешка
  • Лукас Силва Жунор Стантос-бразилец-од Униао Лусензе
  • Иван Ивановиќ-Ц.Гора-дојде од Морнар Бар
  • Алтин Лога-дојде од Струга Трим Лум
  • Никола Јачимовиќ-Србија, дојде од Будуќност Добановци
  • Валентин Колевски-повратник во Победа, од Новаци
  • Благоја Спиркоски-дојде од Еуромилк
  • Александар Исаевски-САД, дојде од Македонија Ѓорче Петров настапувал за повеќе колеџ клубови
  • Виктор Велкоски-дојде од ФК Скопје
  • Андреј Петковски-дојде од Победа Валандово

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien