Ердоган со закана до САД: Не ја почувствувале моќта на отоманскиот удар

Одлуката на Вашингтон да продолжи да ги финансира курдските сили ИПГ во Сирија ќе влијае врз турските одлуки, порача претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган пред посетата на американскиот државен секретар Рекс Тилерсон неделава.

 

Турција е гневна поради американската поддршка на ИПГ која Анкара ја смета за терористичка организација и гранка на Работничката партија на Курдистан (ПКК). Вашингтон ја поддржува курдската милиција ИПГ во борбата против Исламска држава во Сирија.

 

„Одлуката на нашиот сојузник да ја продолжи финансиската поддршка на ИПГ сигурно ќе влијае врз нашите одлуки“, им кажа Ердоган на членовите на владејачката партија АК во парламентот.

 

Турција минатиот месец во Сирија ја почна воената операција „Маслиново гранче“ за да ги отстрани ИПГ од својата јужна граница. Се закани и дека ќе ја продолжи операцијата кон сирискиот град Манбиџ кој го контролираат силите на ИПГ и ги предупреди американските сили да не се мешаат.

 

„Јасно е дека оние кои велат дека агресивно ќе одговорат ако се нападнати никогаш не го почувствувале отоманскиот удар“, порача Ердоган.

 

Вашингтон, пак, објави дека нема намера да се повлекува од Манбиџ пред Турците.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien