Побарано разрешување на 110 судии, меѓу нив и на Вангеловски

Судскиот совет од четврток ќе почне да ги разгледува претставките за разрешување судии, вкупно 110.

 

Најмногу иницијативи за разрешување се предложени од Советот за утврдување на факти.Три претставки има и од Специјалното јавно обвинителство, а подносители на претставките се и адвокати.

 

Судскиот совет ќе треба да решава и за иницијативите за разрешување на судиите од Врховниот суд –  Јово Вангеловски, Рахилка Стојковска, Ристо Катавеновски, Фаик Аслани и Џемали Саити.

 

Расправата по оваа точка, како што стои во соопштението, ќе се води зад затврени врати, односно нема да биде дозволено присуство на медиумите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien