ВИДЕО – Јакимоска : Изградбата на стадионот во Прилеп е во застој поради грешка во проектрирањето на агрегатот за струја

Тринаесеттиот играч ни е изгубен со оглед на тоа што стадионот не може да ги прими навивачите. Суштината на проблемот е во тоа што во одобрението за градба агрегатот за струја е предвиден во место каде веќе има постоечки објект. Истакна Ирена Јакимоска в.д. иизвршен директор на ФК Победа.

 

 

„Суштината на проблемот не е во ФФМ како што беше досега кажувано. Јас не сакам да кажувам нешто без факти. Ова е проблем и за ФФМ бидејќи од сите 5 проекти за кои што таа добила средства од УЕФА само нашиот проект не е завршен и автоматски со тоа се предизвикува пречка за да тие не можат во иднина да аплицираат за нови проекти до УЕФА за да можат да градат и понатаму бидејќи овој проект не е затворен. Суштината на проблемот е во тоа што во одобрението за градба агрегатот за струја е поставен во место каде веќе има постоечки објект. Она што градоначалникот го вети заедно со неговиот тим е дека ќе се нарави промена на истото во однос на планот на целиот проект, надзорот од ФФМ веќе е дојден и се надевам дека заедно со одделнието за урбанизам при Општина Прилеп за брзо време ќе најдат соодветно решение за проблемот и ќе се продолжи со изградба на стадионот“, истакна Јакимоска.

 

Јакимоска додаде дека нивната цел била во месец август или другата сезона Победа повторно да започне со игра во Прилеп.

 

„Со тоа очекуваме не само што стадионот ќе ни го овозможи 13-тиот играч, публиката, туку задоволството од гледањето на фудбалот може да донесе дополнителни начини за приход како на Општината така и на клубот“, додаде Јакимоска.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи