Макрон се закани дека ќе ја бомбардира Сирија ако тие користат хемиско оружје

Францускиот претседател Емануел Макрон се закани дека ќе ги бомбардира целите во Сирија доколку тамошната власт реши да употреби хемиско оружје против цивилите во оваа земја.

 

Тој рече дека засега не видел цврсти докази за да може директно да ја обвини сириската власт, но доколку би се случило, тоа би била „црвената линија“.

 

„Истото му го кажав и на Путин, хемиското оружје е црвената линија. Ако имаме докази дека тие користат хемиско оружје и кршат меѓународни прописи, ние ќе го бомбардираме местото каде го прават хемиското оружје. Засега нашите служби немаат откриено дека тие го користат против цивили“, изјави Макрон.

 

Сириската влада ги негира овие обвиненија, но некои од организациите кои ја следат ситуацијата во оваа држава тврдат дека режимот на Асад неколкупати досега наредувал да се фрлат воени отрови на цивилите.

 

Во последните неколку недели хуманитарните организации од САД доставија налози кои велат дека режимот на Асад користи хлор, кој легално го увезува, како воен отров во бунтовите во провинциите Гоута и Идлиб.

 

Уште на почетокот на месецот од владини извори во Вашингтон беше објавено дека САД ја држат отворена можноста за воен напад, доколку сириската влада повторно употреби хемиско оружје. Претседателот Доналд Трамп не исклучува ниту една опција, беше објавено тогаш. Во минатата година САД бомбардираа една воздухопловна база на сириските сили откако градот Чан Шеичун, кој беше под контрола на бунтовниците, наводно беше нападнат со хемиско оружје.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien