„Еye Cue“ со „Lost and found“ ќе ја претставуваат Македонија на Евровизија во Лисабон 2018

Република Македонија го избра својот претставник за на Евровизија 2018 година во Лисабон и тоа е поп-рок бендот Eye Cue.

 

Тие беа избрани од страна на жири составено од осум лица. Сите членови на жирито се поврзани со музичката сцена во Македонија или како новинари или како уредници на музика.

 

Комисијата беше во состав: Мери Попова – координатор на проектот Евровизија 2018 и уредник на Културно уметничка програма на МТВ1 , Каролина Петковска – Уредник на Редакција за Контактно забавни емисии во МТВ1, Александра Јовановска – уредник и водител на музичка емисија во МТВ1, Авни Ќаили – уредник на Културно уметничка програма на МТВ2, Бранка Костиќ Марковиќ – музички новинар и критичар, Андријана Јовановска – музички новинар во „Репортер МК“, Марко Марк – музички новинар во „Канал 77“ и водител во ТВ „Телма“ и Антонио Димитриевски – одговорен уредник во „Вистина МК“ и продуцент на музичката манифестација „Македонски радиски фестивал“.

 

Комисијата е едногласна во ставот дека одбраната композицијата „Lost and Found“ има современ звук, впечатлив рефрен и текст, извонредни и оригинални вокални способности на изведувачот, што секако нуди и можност за квалитетен евровизиски пакет и достојно претставување на Македонија на оваа престижна музичка манифестација во организација на ЕБУ.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи