Игуаин со критика до навивачите: Лесно е да критикувате од дома!

Facebook
Twitter
Email
Print

Јувентус имаше фуриозен почеток на мечот со Тотенхем во Лигата на шампионите откако со два гола на Игуаин по девет минути игра водеше со 2-0.

 

Но во продолжението работите се променија, англискиот тим беше подобар и дојде до конечни 2-2. Игуаин промаши и пенал пред крајот на првото полувреме.

 

Фановите на Јувентус не беа задоволни од настапот на своите фудбалери па многумина од нив упатија критики на кои одговори Игуаин од својот инстаграм профил.

 

„Добро утро на сите. Лесно е да се зборува по мечот од троседот или фотелјата… до 2-0 се беше перфектно, по 2-2 мислењето брзо се промени. Навистина нè не интересираат овие критии. Ајде да одиме во Лондон и да обезбедиме победа, прегратка за сите кои вистинси сакаат добри работи за Јувентус“, напиша Игуаин.

 

Аргентинецот оваа сезона има постигнато 20 голови.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи