Таинствено езеро под површината на морето што е смртоносно за живиот свет

Во Мексиканскиот Залив, во близина на брегот на Њу Орлеанс, на речиси еден километар под површината на морето постои езеро. Таинственото езеро од страна на нуркачите е наречено „џакузи на очајот“ бидејќи тоа ги убива речиси сите суштества кои имаaт несреќа да нурнат во него.

 

Имено, водата во ова езеро е петпати посолена од морска вода и содржи висока концентрација на метан и водород сулфид поради што не се меша со морската вода што го опкружува.

 

Ваквата концентрација на елементи е смртоносна за луѓето и животните, а во такви услови можат да преживеат само некои бактерии, ракчиња и црви.

 

 

„Ова е една од најневеројатните работи  пронајдени во морските длабочини. На дното на океанот да има езеро и река што тече. Добивате чувство дека сте во некој друг свет“, вели Ерик Кордес, професор по биологија на универзитетот „Темпл“ кој го открил езерото.

 

Езерото е длабоко околу три и пол метри. Подводниот гребен е опркужен со ракови кои во езерото талкаат во потрага по храна, како и огромни школки на кои живеат симбиотски бактерии кои се хранат со метан и водород сулфид.

 

Тим на научници предводен од Ерик, зел примероци од живи суштества, кои се прилагодувале на живот во услови со толку голема концентрација на сол и многу мали количини на кислород.

 

„Суштествата кои се прилагодиле на така екстремни услови на земјата, би можеле да бидат слични на оние суштества кои можеби ќе ги откриеме на други планети“, објаснува Ерик.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien