ВИДЕО – Пачешкоски : Од наредната година се укинуваат белите картони, за оваа година тие се уште ќе важат

Со новиот закон кој што е веќе подготвен од наредната година ќе се укине поднесувањето на евидентните  листови. Тутунарите директно ќе склучуваат договори со откупните претпријатија и на тој начин ќе им се олесни процедурата. Ова денеска го изјави раководителот на подрачна единица на МЗШВ Прилеп,  Зоран Пачешкоски.

 

 

„Во тој контекст за изминатата 2017 година бројот на издадени евидентни листови, односно бели картони, од страна на подрачната единица за општините Прилеп, Криивогаштани и Доленени изнесуваше 10.800 евидентни листови. Бидејќи реколтата 2017 беше една од најдобрите во спорердба со изминатите години и се постигна највисока просечна откупна цена, очекуваме интересот за реколтата 2018/19 да биде уште поголем, а со тоа и зголемување на бројот на склучени договори. Владата на Р. Македонија и Министерството за земјоделство остануваат фокусирани на развојот на производство на квалитетен тутун како и обезбедување на сигурен и непречен откуп“, истакна Пачешкоски.

 

Тој истакна дека почнувајќи од 2017  година тутунарите ќе добиваат повисоки сувбенции во три нивоа.

 

„Субвенцијата за прва класа тутун ќе изнесува 80 денари за килограм, што е прво ниво. За втора класа обезбедуваме 70 денари, што е второ ниво и трето ниво на субвенционирање изнесува 60 денари за килограм и важи за трета и четврта класа. Сакаме да потенцираме дека зголемените субвенции за тутун ќе добијат тутунарите за 2017 година, односно за тутунот којшто неодамна го предадоа и за кој чекаат субвенции“, додаде Пачешкоски.

 

Инаку за 7 дена досега биле издадени 2.800 бели картони, а според Пачешкоски доколку било потребно ќе се работело и во сабота, како и втора смена во работните денови за да им се излезе во пресрет на тутунарите.

 

За оваа реколта, 2018 година, за општините Прилеп, Кривогаштани и Долнени се очекувало да има од 12 до 13 милиони килограми тутун на површина од 7 до 8.000 хектари.

 

За 2017 година просечната откупна цена изнесува 217 денари, а откупот по закон трае до 15 март.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи