Османи: Преговорите за името да не се водат преку медиумите

Facebook
Twitter
Email
Print

Не е време да се откријат сите детали околу преговарачкиот процес за спорот со името, се уште четири од клучните седум точки се во фаза на преговори и се бара решение – рече вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој ја отвори националната трилатерална конференција за „Евроинтеграциите на Македонија и иднината на Европската унија“.

 

Османи истакна и дека дебатата за решавање на спорот за името треба да се води во рамките на преговарачките тимови, а не преку медиумите.

 

„Тоа што во моментот е клуч за успехот на овој процес е преговорите да не се одвиваат во јавност, дебатата да не се одвива преку медиумите. Дебатата треба да се одржи во рамки на преговарачките тимови. Знам дека граѓаните очекуваат, но верувајте, дека модел за неуспех е јавно преговарање. И грчката страна не треба да лицитира јавно со ставови. Во моментот кога ќе имаме начелно некоја согласност тогаш може да излеземе во јавност и да бараме мислење од граѓанитe“, рече Османи.

 

Инаку, статусот на реализацијата на реформите во клучните области содржани во Планот 3-6-9 како и новите потенцијали согласно пораките содржани во новата Стратегијата на ЕК за проширување со земјите од Западниот Балкан до 2025 година беше главна тема на 38. седница на Работниот комитет за европски интеграции (РКЕИ) што се одржа денеска во Владата во рамки на генералниот колегиум, со која претседаваше вицепремиерот задолжен за европски прашања.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи