ПСЖ распали по судиите: Тие имаа големо влијание на резултатот!

Facebook
Twitter
Email
Print

Во ПСЖ никако не може да се помират по тешкиот пораз од Реал Мадрид (3-1) во првиот 1/8 финалене меч од ЛШ.

 

Газдата на клубот од Париз, Насер Ал Келаифи го коментираше судењето по поразот од Реал Мадрид во првиот натпревар од финалето на Лигата на шампиони (1-3), а на негова мета беше главниот судија Џанлука Роки. Според него, истото се случило и на натпреварот од минатата година, кога Барселона го елиминираше ПСЖ, па побара од УЕФА да превземи нешто во врска со целиот случај

 

„Резултатот не е праведен, бевме подобри во вториот дел и заслуживме да постигнеме гол. Судиите направија грешки, Мбапе не беше во офсајд во една ситуација, а добивме и два жолти картони неоправдано, мислам дека судиите му помогнаа на Реал. Сепак нема да им биде лесно во Париз“, вели газдата на ПСЖ, Ал Келаифи.

 

Тренерот на ПСЖ, Унај Емери исто така беше лут на судиите по поразот против Реал Мадрид.

 

„Измешани ми се чувствата. Голот за 1-1 ги направи посилни по една проблематична судиска одлука. Деталите не ни помогнаа. Потоа бевме подобри со топката, имавме контрола и сакавме да постигнеме и втор гол. Уште една одлука на судијата која може да се расправа им даде храброст, која тие паметно ја искористија. Рамос го удри топката во рака, а ако досудеше пенал, тогаш поинаков ќе беше исходот од мечот“, изјави Емери по натпреварот.

 

Реванш натпреварот од осмина финалето во Лигата на шампиони се игра помеѓу ПСЖ и Реал на шести марти на „Паркот на принцовите“.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи