ВИДЕО – ЛДП : Општина Прилеп и граѓаните ќе го почувствуваат позитивниот ефект од зголемувањето на субвенциите за тутунот

Општинската организација на Либерално демократската партија од Прилеп ја поздравува одлуката на Владата на РМ за зголемување на субвенциите на тутунарите. Истакнаа на денешната прес конференција од ЛДП Прилеп.

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

 

„Поткревањето на висината на субвенциите по килограм предаден тутун, кои сега ќе изнесуваат 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за трета и четврта класа тутун, значително ќе помогнат во подобрување на домашниот буџет на тутунарите.

 

Особено е важно што одлуката важи и за предадениот тутун од реколтата 2017 година. Значи сите тутунари што неодамна го предадоа тутунот ќе добијат повисоки субвенции.

 

Сметаме дека ваквата дирекна интервенција ќе го подобри тутунопроизводството, затоа што со зголемените субвенции ќе се покрие голем дел од трошоците за производство на тутунот и ќе се мотивираат тутунарите да произведуваат уште поквалитетен тутун во наредната реколта.

 

Ова е нешто што тутунарите навистина го заслужија и затоа ЛДП ја подджува Владата да продолжи на овој начин да ги стимулира тутунарите.

 

Општина Прилеп и граѓаните ќе го почувствуваат позитивниот ефект од зголемувањето на субвенциите и одличната просечна откупна цена што се постигна оваа година во секој сегмент од секојдневниот живот. Кога тутунарите добро заработуваат, тоа значи поголем приход за дуќанџиите, за малото стопанство, за чаршијата.

 

Само со одговорното и домаќинско управување со државата и парите, како што тоа го прави оваа Влада, може да се носат вакви храбри одлуки во интерес на тутунарите и сите граѓани.

 

Претходната власт на ВМРО-ДПМНЕ ги трошеше парите на луксузни мерцедеси и фасади од стиропор, додека новата влада предводена од премиерот Зоран Заев со одговорно владеење ги зголемува субвенциите за тутунарите и ги насочува парите за подобар живот за сите“, рекоа од ЛДП Прилеп.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien