Во Њујорк се отвори Музеј на шпионажа

Во Њујорк се отвори Музејот за шпионажа Спајскејп, каде посетителите ќе можат да добијат податоци за историјата, и за тоа какви видови шпионажа постојат.

 

Посетителите на Музејот ќе имаат можност да научат за иднината и сегашноста на шпионажата, од машината за обработка на шифри од Втората светска војна до најпознатите шпионски имиња и нивните потфати.

 

Изложбата има и сегмент за програми за размена на податоци како што е Ватсап, а посетителите можат да добијат и совет за ограничување на кибер изложеноста.

 

Во Музејот има изложбен простор каде се наоѓаат камери за некои од најпознатите и најчесто користени социјални медиуми, како Твитер, Фејсбук и Инстаграм.

 

Изложбениот простор е поделен на повеќе сегменти, односно на шифрирање, измама, хакирање, воен кибер, разузнавачки дел, следење и посебни операции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien