Вработените во „Еурокомпозит“ продолжуваат со штрај и блокади на патишта, не ја прифатија понудата на Владата

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска донесоа одлука да не ја прифатат понудата на вицепремиерот Кочо Анѓушев, која тој им ја понуди вчера како решение за проблемот и продолжуваат со штрајкот и блокадите на патиштата и улиците. Според претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски главна причина за неприфаќањето на понудата за излез од кризата било тоа што Владата воопшто не им дала гаранција дека ќе земаат редовна бруто плата во наредните 6 месеци.

 

Инаку вицепремиерот Анѓушев вчера на вработените им рекол дела имало излез за проблемот, но тие морале да чекаат 6 месеци. Требало прво да се најде купувач за фирмата, да се средат сите побарувања и да се реши проблемот. Во меѓувреме, според вработените, Анѓушев им рекол на директорите да направат план за работа како работниците да земаат редовно бруто плата во наредните 6 месеци. Една од варијантите за тоа била сите 260 вработени во „Еурокомпозит“ да се префрлат во фирмата „Композитна опрема“.

 

Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“

 

„Вработените одлучија да продолжат со штрајкот затоа што немаме никакви гаранции дека ќе земаме плата во наредните 6 месеци. Прво ние баравме првата бруто плата да ја земеме веднаш, а тие ни ветуваа за 3 недели. Второ не ни дадоа никакви пишани гаранции со конккретни датуми ккога и дали ние ќе земаме бруто плата во наредниите 6 месеци. И трето не го прифативме овој предлог и поради тоа што одбиваме да бидеме префрлени како врработени од „Еурокомпозит“ во „Композитна опрема“ затоа што со тој чекор може да ги изгубиме сите побарувања што ги имаме од „Еурокомпозит“, а тоа се 16 плати и придонеси кои не се исплатени од јуни 2012 година“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација на „Еурокомпозит“.

 

Сепак вработените оставија простор за некаков договор доколку до понеделник директорите на компанијата понудат некое друго решение за нивнито проблем, во спротивно ќе продолжат со блокади на улиците и патиштата.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien