Димитров: Македонија се обидува да го замени национализмот со визионерски патриотизам

Денеска во Софија ќе се одржи нова епизода на преговори меѓу Македонија и Грција за проблемот со името кое го има нашиот јужен сосед. Главните актери во нив се министрите за надворешни работи на Грција и Македонија Никос Коѕиас и Никола Димитров.

 

Пред следниот круг разговори за името, министерот за надворешни работи Никола Димитров даде интервју за бугарска „НОВА“.

 

„И двајцата сакаме да го решиме проблемот со министерот Коѕиас, што е добар почеток. Се разбира, ние исто така имаме разлики околу тоа како треба да се реши овој проблем.Ние сме многу оптоварени со нашата историја. Ние сме многу горди нации. Сите на Балканот. Важно е да се покаже на остатокот од Европа дека овде на Балканот можеме да се однесуваме европски. Битката е помеѓу силите на иднината и силите од минатото“, вели Никола Димитров.

 

Димитров истакна дека сака македонскиот народ да биде со исправена глава кога ќе се донесе решението.

 

„Во моментов, национализмот е слаб во Македонија и ние се обидуваме да го замениме со нешто што ние го нарекуваме „визионерски патриотизам“ – каде сакаме да бидеме по 10 – 15 години. Затоа сме многу благодарни на бугарското претседателство, бидејќи, во тешка ситуација за Европа – заедно со „Брегзит“ и мигрантската криза, бугарското претседателство успеа да го врати Западен Балкан на дневен ред. Многу е важно да го фатиме овој воз. Долго време сме во чекалницата, важно е за нас, исто така е важно за стабилноста во регионот да се качиме на него“, смета Димитров.

 

Според него, токму затоа во Македонија почнале да се разглабаат  и да  се решаваат проблемите.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien