ВИДЕО – ВМРО-ДПМНЕ : На економијата ѝ се заканува колапс, нема ниту една странска инвестиција, а СДС нуди само сиромаштија

И покрај големите ветувања, досегашното владеење на СДС по ништо не се разликува од нивното владеење во минатото. Колку за потсетување, кога СДС беше на власт како резултат на лошата економска политика, Македонија беше заобиколувана од странските инвеститори. Невработеноста изнесуваше над 38%, а 200.000 луѓе беа оставени на улица. Рекоа на денешната прес конференција од О.К. на ВМРО-ДПМНЕ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Истото се повторува и сега. Она што СДС им го нуди на граѓаните е сиромаштија, затворање на фабрики и залудно сликање пред објективот на камерите.

 

Иако поминаа неколку месеци на локално ниво од нивното владеење, а за брзо и една година од владеењето на централно ниво, досега не видовме ниту слушнавме да најават барем една странска инвестиција. Додека истите од улога на опозиција, читаа пресови како индустриските зони биле само зелени ливади, ВМРО-ДПМНЕ се бореше за секоја инвестиција. Како резултат на успешните политики, се отворија илјадници работни места низ Македонија, вклучително и Прилеп, со што невработеноста падна под 23%.

 

Слободните економски зони беа и ќе останат концепт кој ВМРО-ДПМНЕ го промовираше во првите 40 дена работење. Во ТИРЗ Алинци, покрај отворање на фабриките Гентерм и Акомпласт, минатата година беше поставен камен темелник на третата странска инвестиција ВИК, со која се очекува да бидат отворени нови 1000 работни места. Вкупната инвестиција изнесува околу 12 милиони евра и истата ќе биде целосно реализирана во неколку фази во наредните 4 до 5 години. Оваа фабрика се протега на површина од 5.200 метри квадратни и наскоро ќе почне и официјално со производство. Благодарение на ВМРО-ДПМНЕ преку отворањето на овие фабрики, а со тоа и на нови работни места, невработеноста во нашата општина значително се намали.

 

Редно време е СДС да престане со лажните ветувања и конечно да сработи нешто корисно. Засега освен бркање од работа и вдомување на партиски војници, не видовме никаков напредок. Секојдневното задолжување укажува дека на економијата ѝ се заканува колапс, а егзистенцијата на многу семејства повторно е доведена во прашање. Им порачуваме на челниците и функционерите од СДС да престанат да се китат со туѓи перја и да направат напори околу привлекување на нови инвестиции и со тоа да ја продолжат успешната работа од наше време.

 

За жал, народот на своја кожа секој ден ја чувствува разликата во работењето. Наспроти реални, видливи резултати, сведоци сме на лагите од Заев, неговите министри и градоначалници, кои освен неспособност и погубни политики, немаат што друго да понудат.“

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи