ВИДЕО – Извидниците од Прилеп го дадоа својот извиднички завет

Извидничкиот одред „Феникс“ од Прилеп денеска кај карпата наречена „Слон“ која се наоѓа во подножјето на ридот Маркови Кули, ја одржа свечената церемонија насловена како „Извиднички завет“ каде завет дадоа 46 нови извидници. Моментално одредот „Феникс“ брои 83 извидници, работи активно и е основан токму на денешен ден во 2015 година.

 

 

„Ова е дел од нашата програма по повод 22 февруари Денот на извидништвото и хуманата недела. Ние имавме и дополни активности каде делевме готови оброци, а денеска за да го збогатиме нашиот број и да го зголемиме извидничкото семејство ќе дадат завет нови извидници кои ќе живеат според извидничките закони. Има членови од сите возрасти и затоа извидништвото е отворено за сите. Моментално одредот „Феникс“ брои 83 извидниции, активно работи. На денешен ден во 2015 година е основано друштвото, денеска ни е трет роденден и се надеваме дека ќе имаме уште долги години соработка и многу извидници. Имаме многу добра соработка со сите извиднички одреди на ниво на Македонија, имаме Сојуз кој работи, организираме кампови и одлична забава“, истакна Филип Стојаноски старешина на извиднички одред „Феникс“.

 

Извидниците велат дека чувството да се биде извидник не можело да се опише со зборови. За да се биде извидник нема возрасна граница, а целта била авантура, стекнување едно неформално образование и создавање на идни градители на ова општество.

 

„Да си извидник неможе да се опише со зборови, треба да се осетии на своја кожа. Пред се тоа е авантура, дружење, тим билдинг, активностите ги имаме во текот на целата година. Годинава имаме „Извидничка смотра“, тоа е најголем настан камп во Македонија кој се организира на 5 години ќе се одржува во средината на јули и е наменет за сите возрасти. Кампот ќе биде во Охрид во село Скребатно“, вели Алесандра Стојаноска, извидник.

 

„Извидниците се поделени по категории, според возраста, почнуваме од најмали 7 години се до 39 години, но и повозрасни. Извидник може да биде секој од мали нозе па се понатаму, нема возрасна граница. Сојузот на извидници на Македонија има осмислено програма и сите извиднички одреди се водат според таа програма. Секој национален сојуз има смотри, можеме да учествуваме на нив. Исто така и многу настани на европско и светско ниво. Исто така еден европски настан ќе се одржува во Македонија оваа есен во Скопје, тој настан се нарекува „Извидничка смотра“ и очекуваме да дојдат извидници од цела Европа. Исто така на нашата смотра која ќе се одржува во лето се најавени извидници од многу држави“, рече Дино Ралушкоски, извидник.

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи