ЕУ поделена и скептична околу проширувањето на Западен Балкан

Facebook
Twitter
Email
Print

На неформалниот самит на ЕУ министрите за надворешни работи во Софија на виделина излегоа длабоки поделби меѓу земјите во врска со плановите за членство на земјите од Западниот Балкан.

 

Некои од членките на дводневниот состанок во Софија предупредија на растечкото руско и кинеско влијание во регионот доколку Унијата не го забрза процесот за прием на земјите од Западен Балкан. Бугарскиот премиер Бојко Борисов, чија земја е претседавач на ЕУ предупреди дека е прашање на „сега или никогаш“.

 

Минатата недела Унијата обелодени нова стратегија за регионот чија цел е на некои земји да им се даде членство до 2025 година, доколку претходно ги решат сите меѓусебни спорови. Некои министри сметаат дека тоа било премногу оптимистички.

 

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто бил “многу разочаран” од оваа цел , истакнувајќи дека првите две земји од вкупно шесте од Западен Балкан треба да бидат донесени уште во 2022 година.

 

“Сметам дека 2025 година е многу доцна и тие заслужуваат многу побрз пат за интеграција “, истакна Сијарто пред  новинарите, нагласувајќи дека влезот во ЕУ ќе помогне за олеснување на тензиите меѓу соседите во регионот, кој се наоѓа во “задниот двор “на ЕУ.

 

Но министерот за надворешни работи на Словенија, Карл Еревец смета дека дури 2025 година “не е реална” како цел , истакнувајќи дека земјите од Западен Балкан ќе им треба повеќе време за да ги решат споровите и да ги исполнат критериумите за влез во ЕУ.

 

Европските дипломати истакнуваат дека корупцијата и најмоќните криминални банди кои шверцувани оружје, дрога и мигранти во европските граници, предводат долга листа на проблеми со кои шесте земји од Западен Балкан, кандидати за ЕУ, треба да се справат, ако некогаш воопшто бидат примени во ЕУ.

 

Шефот на македонската дипломатијаНикола Димитров изјави дека е тешко за земјите да продолжат да се движат во вистинска насока доколку се „заклучени во чекалница“. Според него, регионот нема алтернатива.

 

„Сведоци сме на враќање на геополитиката, на некој начин, но не мислам дека регионот има алтернатива- Европа е единствената опција“, истакна Димитров.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи