Нетс ќе му оддадат почит на легендарниот Дражен Петровиќ

Facebook
Twitter
Email
Print

Дражен Петровиќ уште на 19 години беше дел од репрезентацијата на Југославија на Олимписките игри во 1984-та година.

 

Мирните раце го направија неверојатен шутер, кој рутински постигнуваше по 40 и повеќе поени во европските натпревари во 1980-тите. Никој не беше рамнодушен на неговите влезови под кошевите, асистенции, лидерство, решителност, одлучност, храброст. Ја предводеше Цибона до две европски титули во низа во 1985 и 1986 година, Четири години подоцна премина во Реал Мадрид со чиј тим веднаш ја освои тројната круна – шпанското првенство и куп, како и европската титула.

 

Откако освои се што можеше да се освои во Европа, стана и првиот европски играч кој беше драфтуван во американската професионална кошаркарска лига без ниту еден миг минат на вообичаените претсезонски кампови.

Тој во НБА лигата пристигна во тимот на Портланд. По две сезони во кои почесто седеше на клупата, тој се пресели во Њу Џерси каде повторно имаше можност да го покаже својот талент. Не само што во 1992 година беше најдобар шутер во тимот, а посебно за тројки, туку беше и најдобриот играч од Европа кој до тогаш играл во НБА.

 

Бројните американски новинари го сместуваат Дражен Петровиќ меѓу најдобрите шутери кои некогаш играле во Америка, но некои одат подалеку и го прогласуваат како навистина најдобар.

 

Запаметен како еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во 1993 година. Нетси  пет месеци подоцна го повлекоа неговиот број „3″ од употреба.

 

Сепак никогаш не остана заборавен. Поради неговата големина, Њу Џерси Нетс откако ја пресели франшизата во Бруклин и стана Бруклин Нетс, по две сезони, реши да ги потсети навивачите со еден вистински потег за неговата големина.

 

На натпреварот против Чикаго Булс, кој ќе се одигра на 27. февруари, ќе бидат доделени 10 илјади изработени фигури со ликот на Дражен Петровиќ. Тоа доволно говори каков белег остави Дражен Петровиќ во Нетси и во НБА лигата.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи