Светот ја пречека лунарната Нова Година

Светот ја пречека лунарната Нова Година. На многу места беа организирани посебни прослави.

 

Според кинескиот зодијак, 2018 година е Година на Кучето. Тоа е симбол на конзерватизмот, а со неа доаѓаат и предупредувањата за финансиски проблеми, природни катастрофи и конфликти.

 

Ова е најдолгиот и најважен празник во кинескиот календар. Некои луѓе во Кина земаат цели недели одмор, за да се подготват за големата прослава. Милиони луѓе низ целата земја ќе ја преминат земјата со авион, воз или автомобил да бидат со своите роднини. Милиони патуваат во странство.

 

На денот на празниците, кинезите се облекуваат со црвени облеки и ги украсуваат своите домови со песни напишани на црвена хартија. На децата им се даваат „среќни пари“ во црвени пликови. Црвената боја го симболизира огнот, кој според кинеските верувања ја брка лошата среќа.

 

Семејствата често ја поминуваат вечерта пред телевизор, следејќи го свечениот „Пролетен фестивал“, во кој има многу славни личности. Во последниве години, сепак, шоуто губи дел од гламурот поради намалената гледаност.

 

Прославите за Нова Година мора да бидат бучни. Обично Кинезите деноноќно палат огномет, за да го исплашат „старото чудовиште“ – животното, под знакот на кое поминала претходната година. Оваа година, сепак е помирна, бидејќи во некои од најголемите градови на Кина, меѓу кои главниот град Пекинг и Шангај, огнометите беа забранети.

 

Огнометот оваа година, исто така, беше откажан во Хонг Конг поради автобуската несреќа во саботата, во која загинаа 19 лица.

 

Новогодишните јадења што се шират на масата варираат по региони. На пример, северниот дел на Кина е типичен за кнедли. Во областа на Шангај, луѓето се стремат кон максимална кулинарска разновидност за да привлечат богатство.

 

На вториот и третиот ден од Новата година, семејствата ги посетуваат своите роднини. Разговорите за дома, работата, брачниот статус првенствено се насочени кон младите луѓе. Меѓутоа, во последниве години, помладата генерација, особено урбаната, има тенденција да патува во странство за време на празниците, наместо да ја дочека Новата година во семејниот дом.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи