Воена тврдина претворена во луксузен хотел кој се наоѓа на средина на море

Тврдина Спитбанкк која се наоѓа буквално на средина на море денес е претворена во луксузен хотел во сопственост на компанијата Кларенсо ЛЛП и кој можеби ќе биде изнајмуван од луѓе кои се вљубеници во воената историја и парови кои би сакале изолирани и романтични места за одмор, а особено популарен избор е за момачка вечер.

 

Инаку оваа тврдина има гранитни ѕидови високи 4,5 метри, а наредбата за изградбата ја дадол премиерот Лорд Хенри Палмерстон како заштита од напади од Наполеон. Спитбанк е името на една од петте тврдини изградени во водите кај Солент во Обединетото Кралство кон крајот на 19 век. Тврдината Спитбанк во Првата и Втората Светска Војна служела како станица за давање сигнал, но и местото каде се чувало оружје.

 

 

Сега луксузните соби се наоѓаат на местото каде некогаш се чувале оружјата. Тие соби се претворени во луксузни соби со големи кревети на вода и опремени со сите детали за удобен смештај. Овде на располагање имате и базен и сауна, а вечерта можете да уживате во прекрасниот поглед од врвот на тврдината.

 

 

 

Доколку сте љубител на добрата кујна, хотелот може да Ви организира превоз со брод до најблиската тврдина No Man’s Land, која е во сопственост на истата компанија, а каде исто така се наоѓа хотел со спа зона. Бродот е воедно најлесниот начин за доаѓање и заминување од хотелот.

 

За богатата историја на овој крај, како и за тврдините на море можете да дознаете во тврдината Horse Fort Sand, која е претворена во музеј и културен центар.

 

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien