Ердоган: Турција ја поддржува Македонија со уставното име

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, по вчерашната средба со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган, истакна дека очекува конструктивна поддршка од страна на Турција за прием на нашата земја во НАТО.

 

„Очекуваме конструктивна поддршка, помош и отворено лобирање за членство на Македонија во Алијансата од страна на нашите пријатели, земји-членки на НАТО“, изјави Иванов.

 

Поканата за членство, истакна Иванов, ќе биде дополнителен поттик за националните реформски процеси и ќе претставува позитивен пример во регионот.

 

Турскиот претседател Ердоган ја повтори поддршката на Турција за интеграција на Македонија во НАТО, а го реафирмираше и принципиелниот став во однос на употребата на уставното име на Република Македонија.

 

„Турција не се однесува двострано, не мрда лево или десно и има принципелен став без дилеми за спорот со името“, изјави Ердоган.

 

Тој потсети дека не само што ја поддржува Македонија со уставното име туку е и првата држава која испрати амбасадор во земјата.

 

Претседателите на средбатаконстатирале потреба да се интензивира соработката во борбата против тероризмот со цел заштита на суверенитетот и интегритетот на земјите во глобални рамки.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien