Чавков останува во притвор, Арнаудов, Дамовски и Илиевски во куќен притвор

Пратеникот Љубен Арнаудов, и организаторите на протестите за „Заедничка Македонија“ Борис Дамовски и Богдан Илиевски излегуваат од Шутка, откако Апелацискиот суд ги прифатил нивните жалби и им ја преиначи мерката притвор во домашен притвор. На сите тројца ќе им бидат одземени пасошите, како мерка на претпазливост, потврдија од Апелацискиот суд.

 

Според информациите од судот, куќен притвор е определен и за Јане Ченто, за Иван Цветановски од тогашниот кабинет на спикерот Трајко Вељаноски и за Оливер Радулов од УБК. На сите тројца исто така ќе им бидат одземени пасошите.

 

Апелација не ги прифатила жалбите на поранешниот министер за внатрешни Митко Чавков кој останува во притвор, како и на четворицата осомничени Горанче Ангеловски, Сашо Марковски, Илија Славевски и Вилијам Михајловски. Одбиена е и жалбата на пратеникот Јохан Тарчуловски кој останува во куќен притвор.

 

Денеска Апелација ги разгледува жалбите на пратеникот Сашо Василевски, Душко Лазаров, Горан Ѓошевски и Митко Пешов.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien