ВИДЕО : Доколку не ни се реши проблемот од вторник започнуваме штрајк пред Влада со шатори

Вработените во прилепски „Еурокомпозит“ денеска повторно во траење од 2 часа го блокираа патниот правец Прилеп – Скопје. Истакнаа дека ќе продолжат со протестите се до конечно решавање на проблемот, а доколку не им се решела ситуацијата за вторник најавуваат протести со шатори пред Влада.

 

 

„Продолжуваме со штрајкот, ги радикализираме, од денеска го зголемивме времетраењето на протестот од 1 на 2 часа. Остануваме на барањата како што се исплата на сите придонеси, започнување на земање на бруто плата, итна средба со премиерот Заев, неотповиклива оставка од раководството бидејќи повеќе од 10 дена не се воопшто дојдени во фабриката. Во фабриката немаме ниту вода, ниту основни услови за работа, до кога ќе одиме вака јас незнам. Директорите без да не известат нас денеска заминаа во Скопје да достават некаков план за понатамошно функционирање на фирмата. Од МВР и од Основниот суд чекаме да видиме што ќе биде и со кривичната пријава што ја поднесовме до директорите. И за неа исто така засега нема ништо. Ниту по средбата со градоначалникот на Прилеп никој не нема исконтактирано. За вторник најавуваме протести пред Влада со поставување на шатори, доколку некој не ни се јави и не ни даде некоја понуда. Таму ќе остане колку што е потребно“, Роберт Богданоски, претседател на синдикална организација.

 

За да започнат со работа вработениите бараат итна исплата на две бруто плати, а доколку се пролонгирало времето истакна дека ќе браат и три плати. Инаку вработените во „Еурокомпозит“ немаат добиено 16 платии и не им се платени продонесите од јуни 2012 година.

 

Од менаџертскиот тим телефонски ни одговорија дека денеска до Влада ќе доставеле нов план за работа на компанијата, без да откриваат детали.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien