Русија бара седница на Советот за безбедност на ОН за Источна Гута

Русија побара утре да биде одржана сеница на Совет за безбедност на Обединети нации, на која ќе се расправа за ситуацијата во Источна Гута, каде сириските провладини сили ги бомбардираат бунтовниците, кои се под опсада.

 

„Имаме конкретен предлог. Ја замолуваме земјата претседавач утре да свика јавна седница на СБ за да ја разгледаме ситуацијата во Источна Гута“, изјави постојаниот претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја на седница на СБ посветена на зачувување на меѓународниот мир и безбедност.

 

Во дискусијата учествуваше и генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, кој апелираше за итен прекин на огнот во Источна Гута и доставување на хуманитарна помош за населението.

 

Тој истакна дека Источна Гута се претворила во „пекол на земјата“.

 

Според неименувани дипломати, идните денови СБ ќе гласа за предлог-резолуција за едномесечен прекин на огнот во Сирија.

 

Најмалку 106 цивили загинаа во вчерашните бомбардирања на сириските владини сили врз Источна Гута, која е под контрола на бунтовниците, соопшти претходно Сирискиот центар за мониторинг на човековите права. Со тоа, вкупниот број на загинати во изминатите 48 часа достигна 250 лица. Енклавата Источна Гутра од неделата е цел на бомбардирања и гранатирања изведени од сириските провладини сили, при што загинаа најмалку 300 лица, а над 1.400 се повредени.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien