Трамп: Би помогнало доколку наставниците се вооружат

Според американскиот претседател Доналд Трамп, вооружувањето на наставниците би можело да спречи смртоносни инциденти во училиштата, како последниот што се случи во средното училиште на Флорида, кога беа убиени 17 луѓе.

 

„Доколку некој вработен во училиштето имаше пиштол, тој многу брзо можеше да го реши нападот“, кажа Трамп.

 

Идејата е изнесена за време на средбата во Белата куќа со учениците коишто го преживеаја нападот во Паркленд, Флорида. Протестите против законот за оружје продолжуваат.

 

Трамп ги поддржа повиците да се воведат построги контроли и проверки на оние кои купуваат оружје.

 

„Ќе воведеме строги проверки, со акцент на менталното здравје на купувачите. Тоа нема да бидат само разговори како во минатото“, додаде Трамп.

 

Пратениците во Собранието на Флорида одбиваат ограничување на оружјето откако Републиканската партија ја има контролата над парламентот во 1999 година.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien