Штајмаер: Решението на прашањето за името ќе даде позитивен импулс за целиот регион

Премиерот Заев за време на официјалната посета на Берлин оствари средба и со германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер, кој оценил дека решението на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион и за стабилноста.

 

„Решение на спорот со Грција ќе даде позитивен импулс за целиот регион и значително ќе влијае на стабилноста“, рекол Штајнмајер.

 

Како што соопшти македонската Влада, двајцата соговорници го оцениле како исклучително позитивен и динамичен досегашниот развој на односите меѓу Македонија и Германија и се согласиле дека така ќе биде и во иднина

 

Заев информирал дека освен политиките за забрзување на евроинтеграциските процеси, напорите на Владата се фокусирани на спроведувањето на одржливи внатрешни реформи и за затворање на долгогодишни и длабоко чувствителни прашања со соседите.

 

Соговорниците разговарале и за економската соработка, активната соработка во сферата на безбедноста и одбранбените политики, и членството на Македонија во НАТО.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien