Идентификуван напаѓачот на амбасадата во САД во Подгорица

Facebook
Twitter
Email
Print

Црногорската полицијата се сомнева дека 43-годишниот Далибор Јоуковиќ, е човекот кој фрлил бомба во дворот на амбасадата на САД минатата ноќ, а потоа умрел во втората експлозија. Јоуковиќ живеел во Подгорица, а е роден во Краљево, Србија.

 

На неговиот Фејсбук профил, може да се види дека тој е награден со медал за заслуги во областа на одбраната и безбедноста на Сојузна Република Југославија во 1999 година. На својот профил Јоуковиќ  го објави и орденот потпишан од Слободан Милошевиќ во 1999 година, награден за “извонредна посветеност во вршењето на должности и извршување задачи во одбраната и безбедноста на татковината”.

 

 

Засега не се познати мотивите за екслозијата којашто се случи кусо пред полноќ, а за која е осомничен Јауковиќ.

 

„Половина час по полноќ пред објектот на амбасадата на САД едно лице изврши самоубиство со екслозивна направа. Непосредно пред самоубиството лицето од раскрсницте кај Спортскиот центар фрлило во кругот на Амбасадата на САД една експлозивна направа. Најверојатно станува збор за бомба (’кашикара’)“, напиша на англиски јазик на официјалниот профил на Twitter, црногорската влада.

 

Портпаролот на Стејт департментот, Стив Голдстин изјави дека очевидци виделе како човек  фрла предмет кон ѕидот на амбасадата, пишува The New York Times.
Се тврди дека никој не бил повреден во амбасадата.

 

Голдстин додаде дека безбедносните претставници во амбасадата ја пребарале локацијата и зградата на амбасадата и притоа не се пронајдени други експлозивни направи.

 

Амбасадата на својата интернет страница објави дека „постои активна безбедносна ситуација во американсата амбасада во Подгорица. Избегнувајте ја амбасадата до натамошната известување“, се наведува во соопштението.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи