Мистериозна пештера убива сè што ќе ѝ се приближи

Археолозите тврдат дека ги откриле “портите на пеколот”, кои според грчката и римската митологија водат кон подземјето.

 

Портите наводно се наоѓаат во древен Хиераполис, кој денес се вика Памукале, а се наоѓа во југозападна Турција. Малиот храм со скали кои водат до подрумот е исполнет со смртоносни гасови.

 

“Секое животно кое влегло таму, наеднаш починало. Ставивме таму една птица, и веднаш падна на земјата”, го опишал тоа тајно место, многу одамна, грчкиот географ Страбон.

 

Тимот предводен од италијанскиот археолог Франческо Д’Андрио на конференцијата во Истанбул изјавил дека верува дека ги откриле портите на пеколот поради термалните извори.

 

Меѓу рушевините, археолозите пронашле пештера со јонски столбови на кои биле испишани посвети за богот на подземјето Плутон, и божицата на подземјето Кори.

 

“Ја видовме смртта на самото место. Неколку птици умреа од јаглеродниот диоксид кога се доближија до отворот”, изјави Д’Андриа.

 

Вулканологот Харди Пфанц од германскиот универзитет Дуисбург-Есен оваа необична појава ја објаснил како собир на голема количина на јаглерод диоксид што е последица од сеизмичката активност на подземјето.

 

Мерењата покажале дека нивото на јалероден диоксид е највисоко на висина од 40 сантиметри од тлото. Најголема концентрација е измерена во утринските часови, тврдат научниците и тоа може да убие човек за само една минута.

 

„Свештениците за време на жртвувањата на животните стоеле на голем камен и така изгледало како да имаат надприродна моќ. На таа висина можеле да бидат 20 до 40 минути без опасност“, објаснил Пфанц.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи