Кривични пријави за 11 лица од „25 Мај“

Врз основа на записникот и извештајот од извршениот вонреден инспекциски надзор од страна на Социјалната инспекција при МТСП, Министерството ќе поднесе кривична пријава до ОЈО против 11 лица во Центарот за социјална работа – Скопје за ,,несовесно работење во служба’’ (по член 353-а, став 1 од Кривичниот законик на РМ), како и против стручни лица вработени во Центарот, за кривично дело ,,запуштање на малолетно лице’’, (по член 201 од КЗ) и за ,,несовесно работење во служба’’ (по член 353-а, став 1 од КЗ).

 

Оваа пријава ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012 – 2017 година.

 

„Оваа пријава ќе биде покрената против сите лица кои биле задолжени да постапуваат и преземаат службени дејствија по предметот на малолетната Р.И. во периодот од 2012- 2017 година. Од страна на инспекторите се поднесени 12 иницијативи за покренување дисциплинска постапка против стручни лица, согласно со законот за работни односи. Поведени се и 13 постапки за сторени прекршоци од стручните лица во постапувањето во овој случај, согласно со Законот за социјална заштита“- пишува во соопштението на Министерството за труд и социјална политика.

 

Откако беше обелоденет случајот на сексуална експлоатација на штитеничка од домот „25 Мај“, во јавноста се дозна за уште две малолетни девојчиња кои останале бремени, но е утврдено дека не станува збор за злоставување.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien