Името во фокусот на средбата Ципрас – Меркел

Facebook
Twitter
Email
Print

За прашањето со името и заклучоците од посетата на Зоран Заев на Берлин, разговарале грчкиот премиер и германската канцеларка на нивната куса средба во Брисел на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.

 

Според грчките медиуми, пораката од Меркел била дека ќе продолжи да ги охрабрува двете страни за да стигнат до решение, додека пак Алексис Ципрас, ја повторил одлучноста на грчката влада да се најде одржливо, стабилно и заемно прифатливо решение.

 

Како што објави државната агенција АНА-МПА, грчкиот премиер, на Меркел ѝ ја повторил и официјалната позиција на Атина, за ерга омнес име.

 

„Според владини извори, разговорите се фокусираа на заклучоците од посетата на премиерот на ПЈРМ Зоран Заев. Според информациите, Меркел продолжува да ја охрабрува власта во ПЈРМ во насока на изнаоѓање решение, пишува грчката новинска агенција“, јави дописникот на МИА од Атина.

 

По средбата, што според грчката телевизија Скај траела кусо, Ципрас и Меркел ќе имаат можност да ги продолжат разговорите на заедничкиот состанок со Жан Клод Јункер и Бојко Борисов.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи