Милан-Арсенал е најатрактивната двојка во осминафиналните дуели во ЛЕ

Facebook
Twitter
Email
Print

Денеска во Нион, Швајцарија, беа извлечени двојките во понатамошната, осминафинална рунда од фудбалската Лига Европа.

 

Највозбудливо ќе биде соочувањето помеѓу англиски Арсенал и италијански Милан. Двата тима во јавноста се спомнуваа како едни од најголемите конкуренти за освојување на второто најсилно клупско натпреварување во Европа.

 

Досега двата тима имаат одиграно шест меча, а меѓусебниот скор е изедначен. „Росонерите“ и „топчиите“ имаат по две победи, а два дуела завршиле нерешено.

 

Во останатите двојки ќе играат:

 

Борусија Дортмунд – Салзбург
Спортинг Лисабон – Викторија Плзен
Марсеј – Атлетик Билбао
ЦСКА Москва – Лион
Атлетико Мадрид- Локомотив Москва
Ред Бул Лајпциг – Зенит
Лацио – Динамо Киев

 

Првите натпревари се закажани за 8.март, а повратните на 15.март.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи