Османи не оди во БиХ затоа што тоа било во интерес на државата

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бујар Османи на денешниот прес, каде даваше извештај за статусот на имплементацијата на Планот 3-6-9, на новинарско прашање за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука, изјави дека тоа било во интерес на државата.

 

„Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија“, вели Османи.

 

Тој посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien