Трамп ѝ се заканува на Северна Кореја со „втора фаза“

Претседателот на САД јасно стави до знаење: доколку не успеат новите санкции против комунистичката земја, конфликот околу Северна Кореја може натаму да ескалира и да стане „многу сурова работа“.

 

САД воведуваат нови санкции за Северна Кореја, „најголеми досега“, рече претседателот Доналд Трамп. Со овие мерки се опфатени над 50 брода и компании за поморски превоз во Северна Кореја, но и во Кина и во Тајван.

 

Северна Кореја е веќе погодена со низа меѓународни и американски санкции поради својата нуклеарна програма и ракетни тестови. Меѓутоа, минатата година продолжи со тестовите, вклучувајќи и тестирања на нуклеарно оружје и ракети со висок дострел кои би можеле да го погодат копното на САД.

 

Американските официјални лица велат дека целта на овие нови санкции е дополнително да се „притисне“ Северна Кореја така што ќе ѝ се укинат извори на пари и гориво за нејзината нуклеарна програма и ќе се сузбие кршењето на веќе постоечките рестрикции.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien