Разбиена аргентинско-руска мрежа за шверц на кокаин

Facebook
Twitter
Email
Print

Разбиена аргентинско-руска мрежа за шверц на кокаин. Поранешен руски дипломат и аргентински полицаец се меѓу шесте лица кои се уапсени по 14-месечна истрага иницирана откако во руската амбасада во Аргентина била пронајдена поголема количина кокаин.

 

Аргентинската министерка за безбедност посочи дека се запленети 389 килограми кокаин, кој се наоѓал во училиште на приземјето од руската амбасада уште од декември 2016 година.

 

Сигналот лично бил пријавен од страна на рускиот амбасадор, кој кажал на полицијата дека еден вработен имал сомнително многу дипломатски багаж што го чувал во училиштето во дипломатската мисија.

 

Откако пронашле 16 куфери кокаин, аргентинската полиција го заменила наркотикот со брашно и ставила уреди за следење. Еден од ризичните моменти беше брзото наоѓање на речиси 400 килограми брашно, бидејќи немало толку многу во околните продавници.

 

На крајот, килограмите биле доволни и полицијата, заедно со руската служба за безбедност ФСБ, ја следеле пратката во Москва. Потоа уапсиле тројца аргентински цариници, Русите, кои ги земале куферите на аеродромот и поранешен руски дипломат.

 

Кокаинот бил вреден повеќе од 60 милиони долари.

 

Организаторот не е уапсен и веројатно се крие во Германија.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст фотографија видео без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

Можеби ќе ве интересира

Следете не на facebook

 

Вашата поддршка многу ни значи