ВИДЕО – СДСМ : Претходната локална самоуправа го оштетила буџетот на Општина Прилеп за околу 41.000 евра

Тоа што го тврдевме како опозиција, дека тогашната локална власт на Општина Прилеп на чело со Марјан Ристески тргнала по криминалните стапки на Никола Груевски, сега се констатира и од страна на полицијата. Истакнаа денеска на прес конференција од О.О. на СДСМ Прилеп.

 

 

Прес конференцијата ја пренесуваме во целост.

 

„Тврдевме дека извештајот на државната ревизија е доказ за криминалното и коруптивно трошење на парите од Општина Прилеп. Брз база на извештајот, лани, општинската организација на СДСМ Прилеп поднесе кривична пријава против тогашниот градоначалник Марјан Ристески и НН лица.

 

Помеѓу другите сомнежи во пријавата наведовме дека општината набавувала нафта за греење без евиденција за прием на горивото, на залихата што останувала и без попис на крајот од годината.

 

Полицијата, постапувајќи по отворен предмет на Основното јавно обвинителство Прилеп, врз основа на наоди од Државниот завод за ревизија извршила проверки и констатиирала дека во 2015 и 2016 година Општина Прилеп проектирала и набавила далеку поголеми количини на нафта за грење од реално потребните.

 

Иако реалната потреба за набавка на екстра лесно масло за грење на новата општинска зграда на Општина Прилеп изнесувала најмногу 10.000 литри по грејна сезона, сепак за 2015 и 2016 година општината исплатила вкупно 66.725 литри повеќе, без реално оправдување за таквата количина.

 

Врз база на овие наоди до ОЈО, полицијата поднесе известување за постоење на основи за сомневање за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „несовесно работење во службата“ против :

 

  • Марјан Ристески, градоначалник на Општина Прилеп
  • Дарко Рибароски, раководител на одделението за општи и заеднички работи при локалната самоуправа
  • Кире Наумоски, домар и лице задолжено за приием и надзор на набавката
  • Александар Талимџиоски, секретар на Општина Прилеп

 

Спротивно на одредбите на Законот за финансирање на локалната самоуправа и на Законот за извршување на буџетските средства, наменските средства за греење на општината биле проектирани на ниво далеку од реално потребното, при што пријавените, секој во рамките на своите надлежности во текот на 2015 и 2016 година, предизвикале штета на буџетот Општина Прилеп во вкушен износ од околу 41.000 евра.

 

Македонија станува правна држава со нула толеранција за корупција, во која секој што ги прекршил законите ќе одговара за своите постапки“

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien