Гатузо во вербален дуел со Коларов

Џенаро Гатузо во свој стил синоќа имаше вербален дуел со левиот бек на Рома, Александар Коларов.

 

„Росонерите“ славеа со 2:0 на „Олимпико“, а српскиот фудбалер и италијанскиот тренер имаа што да си кажат.

 

Кон крајот на првото полувреме Коларов ја зеде топката за да изведе аут покрај клупата на Милан и ја сикористи ситуацијата да му дофрли нешто на тренерот на „росонерите“.

 

„Ti spacco il c**o, pensa a giocare“, или во превод „Играј фудбал, да не ти го скршам задникот“, возврати Гатузо.

 

Судија го опомена поради ваквиот речник, а Гатузо, познат по неговите испади, одговори: „Што направив?“

 

Сепак, немаше зла крв меѓу фудбалерот на Рома и тренерот на Милан – двајцата спортски се гушнаа на крајот на натпреварот.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien