Четири жртви во експлозијата во Лестер

Четири лица загинаа, а шестмина се повредени при експлозија во продавница во британскиот град Лестер.

 

„Во овој момент е потврдена смртта на четири лица, а повеќемина и натаму се во болница. Веруваме дека има уште луѓе кои не се влезени во нашите бројки и спасувачките напори продолжуваат за да се лоцираат евентуалните жртви, доколку ги има уште“, се наведува во соопштението на полицијата во Лестер.

 

Безбедносните служби претходно објавија дека нивни припадници биле итно испратени на терен по силната експлозија во Лестер.

 

„Сите служби за итни интервенции во моментот се ангажирани на тој инцидент. Ги молиме граѓаните да не одат во таа област“, соопшти полицијата во Лестер во неделата вечерта.

 

Полицијата подоцна објави дека истрагата за случајот ја презела службата за противпожарна заштита.

 

„Во овој момент нема индикации дека инцидентот би можел да биде поврзан со терористички напад“, соопштија властите.

 

Покрај човечките жртви, експлозијата предизвикала и материјална штета. Уништена е двокатна зграда со деловен и станбен простор.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien