Германското село одлучи да го задржи „Ѕвоното на Хитлер“ како спомен

Селото Херксхајм во Германија гласаше да го задржи контроверзното црковно ѕвоно со свастика и зборовите „Сите за татковината – Адолф Хитлер“.

 

Советот на парохијата на Херцхајм тврди дека бронзеното ѕвоно од времето на нацистичкиот период делува како потсетник за темното минато на нацијата.

 

Со денешното гласање од 10 спрема 3 се отфрли понудата да се отстрани и замени ѕвоното од страна на протестантската црква Сент Џејмс.

 

„Ѕвоното треба да остане за да поттикнува помирување и да потсетува на ужасните насилства и неправда“, објави селскиот совет.

 

Некои од парохијата се вознемириле кога дознале дека стапиле во брак или ги крстиле своите деца под „Ѕвоното на Хитлер“.

 

Контроверзното историско ѕвонче од 240 килограми сега ќе биде фиксирано на 1.000-годишната црква Јакобскирш.

 

Херксхајм, во југозападна Германија, постојано се наоѓа во центарот на вниманието на медиумите, откако поранешниот црковен органист се пожали за натписот на ѕвоното.

 

Дотогаш нејзината историја била во голема мера непозната, а ѕвоното ѕвонело на секои петнаесет минути.

 

Последните вести од селото со само 700 луѓе ја поттикнаа дебатата за тоа како во 21-ви век Германија треба да се справи со нацистичките слики и симболи.

 

Поранешниот градоначалник Роланд Бекер минатата година поднесе оставка поради коментарите кои беа во одбрана не само на ѕвоното, туку и на Германија од времето на нацистите.

 

Некои жители сега се загрижени дека ѕвоното може да ја оштети репутацијата на црквата или да привлече неонацистички групи во селото. Други тврдат дека отстранувањето на бронзената реликвија ќе ја избрише историјата на градот.

 

Од септември минатата година ѕвоното не ѕвонело и се користело алтернативно во очекување на одлуката на локалниот парохиски совет.

 

На денешното гласањето, одлуката да се задржи „Ѕвоното на Хитлер“ е поддржана со аплауз од многу членови на заедницата, објави германската новинска агенција ДПА.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien