Царовска: ОЈО одлучува против кого ќе има обвиненија за злоупотребуваните штитенички

Таа потсети дека за ова, Министерството направило детален инспекциски надзор и на установата „25 Мај“ и на центрите за социјална работа.

 

„Против 12 лица е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство, а дополнително се поднесени 12 прекршочни и дисциплински постапки до Центарот за социјална работа“, рече Царовска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференција во Владата.

 

Царовска нагласи дека Владата и Министерството дека се залагаат за брза трансформација и на „25 Мај“ и на „Ранка Милановиќ“ како институции кои, како што рече, биле запуштени во изминатите 10 години и од што денеска само се гледаат резултатите.

 

Сметаме, додаде Царовска, дека заштитата на децата е битна цел и дека со брзата трансформација на овие институции ќе се обезбеди квалитетна заштита и грижа за лицата што се сместени таму.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien