ВИДЕО – Катерина Николоска е победник на 15-тата по пред манифестација „Вешта жена“ во Прилеп

Вечерва во Прилеп се одржа 15-тата по ред манифестација „Вешта жена“ на која со своите уникатни специјалитети се натпреваруваа 5 прилепчанки : Катерина Николоска, Сузана Мицаноска, Афродита Чолакоска, Марина Николоска и Габриела Стеваноска.

 

И според жирито и според публиката најмногу гласови доби Катерина Николоска, со својата креација која таа ја наслови како „Бегство“.

 

 

 

Организаторката Менче Костоска истакна дека главниот критериум при оценките бил главната маса да биде убаво сервирана, да има едно главно јадење, торта, композиција на масата и се да биде во склад. Победникот од овој натпревар ќе оди на државниот натпревар „Вешта жена“ кој во месец мај ќе се одржи во Тетово. Прилепските домаќинки досега имале освоено и повеќе први и втори места на овие манифестации.

 

 

Идејниот творец на „Вешта жена“, Снежана Стојановска – Жана рече дека за прв пат настанот се случил во 1992 година во Тетово и од тогаш се раширил во сите градови од Македонија.

 

На една маса имало 7 дисцииплини, сервирање на маса за 4 лица, аранжирање на цвеќе, аранжирање на салфетки, главно јадење декорација и вкус на главно јадење, декорација на десерт ии општ впечаток.

 

Жирито го сочинуваат натпреварувачки кои завршиле со натпреварите, затоа што една жена може да се натпреварува само 3 години, а потоа мора да направи пауза и влегува во жири.

 

На настанот присуствуваше и градоначалниикот на Прилеп, Илија Јованоски.

 

Во видеото погледнете ја оваа интересна манифестација и уникатните уметнички креации на вештите прилепчанки.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien