ВИДЕО – Рускиот амбасадор ја отвори прекрасната изложба на фотографии „Москва денес“ во Прилеп

Рускиот амбасадор Олег Шчербак вечерва во Прилеп, во домот за култура „Марко Цепенков“, ја отвори изложбата на фотографии насловена како „Москва денес“. На фотографиите можеше да се види уникатниот спој на минатото и сегашноста на традицијата и модерната Москва која денес претставува еден од најзначајните светски центри. Град кој има 12 миилиони жители, а годишно е посетуван од над 20 миилиони туристи. Град во кој има над 400 музеи и исто толку факултети.

 

 

„Целта на оваа изложба е граѓаните на Прилеп да се запознаат со современиот изглед на руската престолнина, Москва. Ова е најголем светски град, со население од 12 милиони луѓе, кој што секоја година е посетен од страна на 20 милиони туристи. Тоа е град во кој што сега се спојуваат најмодерни архитектонски и технолошки решенија со штедлив и претпазлив однос кон традициите и кон архитектурата и наследството од минатото. Во Москва се најдуваат двете највисоки градби, а тоа се Останкинската кула која што е повисока од 550 метри, а исто така и големиот бизнис и забавен центар од Москва сити. Прилеп е познат по своите културни, образовни и уметнички традиции, како што и Москва е исто така позната по своите културни, образовни и уметнички традиции. Во Москва има повеќе од 400 музеи и речиси 400 универзитети и ја користам оваа прилика да нагласам дека амбасадата на  Руската федерација во Република Македонија почнува да прима кандидати од Македонија за студирање во руските високообразовни институции. Тоа е државна стипендија, која им дава можност на талентираните девојки и момци од Македонија да студираат бесплатно во руските високообразовни институции“, изјави Олег Шчербак, амбасадор на Русија во Македонија.

 

 

 

Шчербак истакна дека младите во Прилеп многу го сакаат спортот и затоа сакал да истакне дека и Москва е многу спортски град, со преку 15.000 спортски терени и стадиони.

 

„Користејќи ја оваа прилика би сакал да ги поканам жителите од Прилеп да ја посетат Русија во јуни и јули оваа година, да ја посетат Русија во текот на Светското фудбалско првенство. Би сакал исто така да истакнам дека во Москва ќе се одржи првиот натпревар на отворањето, полуфиналето и финалето на Светското првенство, на двата најголеми европски стадиони, Спартак и Лужники. Тоа е убава прилика не само да се гледаат натпреварите на светското првенство, туку и да се запознае Москва и нејзината убавина, која е многу интересен и убав град“, додаде Шчербак.

 

 

 

 

Посетителите на изложбата беа восхитени од убавините на Москва, а особено интересно беше тоа што изложбата ја посетија и голем број Руси кои живеат во Прилеп.

 

„Супер ми се допаѓа изложбата, ја гледаме по втор пат. Претходно беше во Битола за Денот на дипломатијата. Инаку дојдовме да ја поддржиме нашата држава, Русија. Живееме во Прилеп, Тања е од Москва, јас сум од Волгоград“, рече Екатерина Арангеловиќ Авдеева.

 

„Јас сим од Москва и со задоволство ги посетувам сите изложби и концерти наши, хорови, ансамбли. Ако доаѓаат во Прилеп ги следам сите вакви настани и со задоволство ги посетувам“, вели Татјана Спиркоски.

 

„Јас сум родена во Русија, инаку живеам во Прилеп 20 години. Живеам и во Волгоград, а патувам доста често во Русија. Изложбата е прекрасна. Во Москва сум била повеќе пати и можам да кажам дека Москва е стварно прекрасен град. Има што да се види“, кажа Људмила Авдеева.

 

„Во Москва многу се вложува во културата и во развојот на градот. Посебно Москва е многу финансирана и затоа сега градот има убав лик.  Се финансираат големи вложувања во развој на спортски објекти, клубови. Има нови цркви, храмови и има што да се разгледа. Сепак најубаво е тоа да се види во живо, да се појди и да се види“, истакна Ала Стефаноска.

 

Оваа изложба треба да ги посети и другите градови во Македонија.

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien