ВИДЕО – Шчербак : Македонија и Грција треба да најдат решение кое ќе одговара и за двете држави

Македонија и Грција треба да најдат решение кое ќе одговара и за двете држави, затоа што ние и на двете држави гледаме како на независни и суверени, истакна вечерва во Прилеп, амбасадорот на Русија во Македонија, Олег Шчербак.

 

 

„Многу е битно таквите прашања да се решаваат преку преговорите и врз основа на почит и взаемен интерес. Русија ја гледа Македонија како независна и суверена држава, но исто така Русија ја гледа и Грција како независна и суверена држава. Затоа двете држави, како и било кои други држави во слична ситуација, имаат можност да најдат решение кое што одговара и за двете држави“, истакна Шчербак.

 

Според него односите помеѓу Русија и Македонија давале голем оптимизам за идна плодна соработка на двете држави.

 

„Ние ги гледаме перспективите за развој на односите помеѓу Русија и Македонија со голем оптимизам. За време на изминативе 24 години поминат е голем пат и сега нашите односи имаат стабилен карактер од взаемен интерес,  воедно постои и голем потенцијал за развој на односите помеѓу двете земји во сите сфери. Тука се и економијата, трговијата, инвестициите, политиката, културата и сите сфери кои што имаат заеднички интерес. Многу е битно дека нашите односи имаат цврсти историски и духовни темели. Соработката ја зацврстува взаемната доверба и темелите за заедничко движење напред“, додаде Шчербак.

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien