Вработените во „Еурокомпозит“ утре повторно ќе го блокираат патот Прилеп-Скопје

Вработените во „Еурокомпозит“ продолжуваат со штрајкот. Утре од 12 до 14 часот тие повторно ќе го блокираат регионалниот пат Прилеп-Скопје. Според Роберт Богданоски, претседател на синдикалната организација, вработените не ја прифатиле последната понуда на вицепремиерот Анѓушев, која им ја соопшти на состанокот во петокот, да добијат сега една бруто плата и во рок од 6 месеци да им биде решен нивниот проблем.

 

„Вработените повеќе не веруваат во никакви ветувања, нас не лажат сите Влади повеќе од 10 години и за да започнеме со работка  сакаме под итно исплата на 2 бруто плати и нашиот проблем да започне да се решава веднаш, а не во период од 6 месеци. Досега сите ветуваа дека има заинтересирано огромен број на странски инвеститори кои сакаат да не купат, но еве како што гледате досега никој не дојде во Еурокомпозит. За 2018 година имаме земено само 5.000 денари плата, повеќе не се издржува ова“, истакна Роберт Богданоски, претседател на синдикална организиација.

 

Инаку вработените во „Еурокомпозит“ немаат земено 16 плати и не им се платени придонесите од јуни 2012 година.

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien