Детската Амбасада за Сите Деца во Светот го одбележа Меѓународниот ден на мајчиниот јазик

Детската Амбасада за Сите Деца во Светот по повод Меѓународниот ден на мајчиниот јазик – 27 февруари, вчера во градската библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, по втор пат, организираше поетско литературно читање на мајчин јазик на слободна тема. Учество зедоа сите основни училишта од Општина Прилеп, Општина Долнени и членови на Детската Амбасада за Сите Деца во Светот кои го посетуваат Едукативниот Центар.

 

„На настанот учество зедоа дваесет и шест ученици кои се преставија со своитетворби на Македонски, Албански, Турски, Босански и Ромски јазик. Комисијата која ги оценуваше учесниците ја сочинуваа: Цветанка Стојаноска, наставник во ООУ„Гоце Делчев“ од Прилеп, Благојче Николоски, писател и едукатор по Англиски и Шпански јазик во Едукативниот центар при Детската Амбасада и Бисера Вишиноска, наставник во ООУ „Рампо Левката“ од Прилеп. Покрај големата конкуренција и тешката одлука, комисијата оцени првото место да го додели на двајца учесници Марија Велкоска од ООУ „Кочо Рацин“ од Прилеп и Офелија Настеска од ООУ „Гоце Делчев“ од Прилеп, а второто место го додели на Ибадете Адеми од ЦОУ „Исмаил Ќемали“ од с. Црнилиште и Џансељ Реџоска од ЦОУ „Вера Циривири Трена“ од с. Дебреште, додека третото место го додели на  Елда Каришиќ од ЦОУ„Мирче Ацев“ од с. Лажани, а Исидора Николоска од ООУ „Добре Јованоски“ од Прилеп доби и пофалница за најдобра интерпретација“, истакнаа од Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

Добитниците на првите места покрај добиените дипломи ќе бидат наградени со вклучивање на Летниот камп, кој го организира Детската Амбасада за Сите Деца во Светот. За останатите места беа доделени дипломи и книги за својот успех, а на останатите учесници им беа доделени пофалнци за учество.

 

Оваа организација е заслуга на децата координатори од основните училишта од Прилеп, кои работат на активности и проекти во Детската Амбасада за Сите Деца во Светот.

 

 

 

 

 

 

 

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien