МВР: На синоќешниот протест приведено е едно лице, а повреден е и еден полицаец

МВР соопшти денеска дека за време на синоќешните протести бил повреден полицаец кој го обезбедувал седиштето на ЕУ во Скопје. Според МВР, од страна на неколку лица биле фрлани камења кон зградата на ЕУ- Инфо Центар, при што со еден камен е погоден полициски службеник во пределот на левата надколеница.

 

Како што информираат од МВР, при преземањето мерки, во паркот Жена борец, спроти Собранието, полицијата пронашла пет шишиња со запаллива течност. Во врска со ова бил приведен 24-годишниот К.Г. од Скопје, кој по распитот е задржан во полициска станица.

 

Во текот на протестот, информираат од МВР, од страна на неколку непознати лица биле запалени знамињата на Грција и на Албанија.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа, што се однесува на текст, фотографија и видео, без дозвола од редакцијата на ИНФО КОМПАС.

WP-Backgrounds Lite by InoPlugs Web Design and Juwelier Schönmann 1010 Wien